Вулканот Етна во Италија повторно еруптира. Новите ерупции почнаа порано оваа недела, а вулканот со денови исфрла облаци чад и пепел во воздухот.

Лавата која Етна ја исфрла надмина висина од 1.500 метри, пишува Гардијан.

Етна е најактивниот европски вулкан, а вчерашната ерупција многумина ја опишаа како една од најспектакуларните во последните неколку децении. Последната голема ерупција беше во 1992 година.

Ова сигурно беше една од најспектакуларните ерупции последните децении, рече Борис Бенке, вулканолог од Националниот институт за геофизика.