Во источногерманскиот град Кошен, во близина на границата со Полска, е измерена температура од 38,6 Целзиусови степени, што претставува досега највисока регистрирана температура во Германија во текот на месец јуни.
Претходната рекордно највисока температура во Германија во јуни од 38,5 степени беше измерена во 1947 година во југозападниот дел на земјата.
Голем дел од Западна и Централна Европа е зафатен со топол бран, при што метеоролозите предвидуваат дека би можеле да бидат надминати историските рекорди во висината на температурата за овој период од годината.
Comments are closed for this post.