Во Доминиканската Република синоќа се случи пожар кој е речиси идентитечен како во Кочани. И во главниот град Санто Доминго исто како во Кочани имало концерт на некој пејач Руби Перез во ноќен клуб „Џет Сет“. И тој исто како и членовите на ДНК бил меѓу заробените под урнатините. Идентично е и во Доминикана и во Кочани се урна покривот од ноќен клуб, односно дискотека.

global news printskrin

Сличен е и бројот на жртвите. Досега 58 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени. Џет Сет“ во Доминиканската република е популарен ноќен клуб во Санто Доминго, познат по забавите и концертите. На концертот биле присутни политичари, спортисти и други вип личности.