Само три лица преживеале, додека 82 се водат за исчезнати откако брод со 86 патници-мигранти од Либија ноќеска потонал во Средоземно море, соопшти Агенцијата на ОН за миграции.

Бродоломот се случил во близина на тунискиот град Зарзис. Го забележале рибари кои успеале од бродот да извлечат четворица мажи, но не успеале да ги пронајдат останатите патници, изјави Лорена Ландо, шефица на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во Тунис.

Еден од четворицата спасени, со потекло од Брегот на Слоновата коска, починал во текот на ноќта, а остантите тројца се наоѓаат во болница, пренесоа западните медиуми.