Во Саудиска Арабија заврши големата антикорупциска кампања, што ја нареди престолонаследникот, принцот Мохамед бин Салман, во рамки на која се одземени повеќе од 106 милијарди долари, преку договори со принцови, министри и бизнисмени, соопшти Кралскиот суд во Ријад. Имотот што е вратен вклучува недвижности, фирми и готовина.

Според Судот, за време на кампањата, што почна во ноември 2017 година, саудиските власти повикале на разговор 381 лице. Во соопштението се наведува дека продолжува истрагата против 56 лица и дека државниот обвинител одбил да се договори со нив поради други кривични дела со кои се соочуваат.

Уште осум лица одбиле да се договорат и тие се обвинети за корупција.

Во првите три месеци од кампањата, голем број припадници на бизнис и политичката елита, меѓу кои и глобалниот инвеститор, принцот Алвид бин Талал, беа речиси три месеца во притвор во хотел во Ријад.