Чешкиот премиер Андреј Бабиш денеска рече дека четири земји-членки на ЕУ од Вишеградската група не се согласуваат да го номинираат Словакот Марош Шефчовиќ за претседател на Европската комисија, отфрлајќи ги претходните извештаи на чешките медиуми.

Печатените медиуми денеска објавија дека Чешка, Словачка, Унгарија и Полска го предложиле Шефчовиќ за претседател на Комисијата или за местото комесар за надворешна политика на Комисијата, доколку не стане нејзин претседател.

Бабиш, пред состанокот на европските лидери во Брисел, изјави дека Вишеградската група сака да обезбеди една од водечките позиции во ЕУ, но отфрли тоа да биде Словачка, сегашниот потпретседател на Комисијата.

Шефчовиќ школуван во Москва, е потпретседател на Комисијата од 2009 година и еврокомесар за  енергетска политика.

Во март изгуби на претседателските избори во Словачка од либералната адвокатка Зузан Чапутова, која на власт дојде по бранот незадоволства на граѓаните од корупцијата.