Европската комисија размислува проектите за обновливи извори на енергија да ги стави на листата дејности, што можат да се субвенционираат со 100% државни средства.
Предложените промени се ставени во новите упатства за државна помош за климата, енергетиката и животната средина (EEAG), што се очекува да бидат прифатени до крајот на годинава. Тие ги одредуваат условите по кои државите ќе можат да ги субвенционираат енергетикта и заштитата на животната средина, како и критериумите, според кои владите ќе можат да ги ослободуваат енергетските интензивни компании од добивката за зелена енергија.
-Европа ќе има потреба од голем број одржливи инвестиции. Иако голем број од нив ќе дојдат од приватниот сектор, јавната поддршка ќе биде од суштинско значење со што ќе се гарантира дека зелената транзиција брзо ќе се случи, изјави европскиот комесар за конкуренција, Маргрете Вестагер.
Правилата ќе дозволат нови области како чиста мобилност, енергетска ефикасност на зградите, преминување кон кружна економија и биодиверзитетот да се најдат на листата дејности, што ќе можат да бидат 100% субвенционирани со државни средства. Ќе се обезбедуваат и сите технологии, што ќе можат да придонесат за реализација на Зелениот договор, вклучувајќи ја и енергијата од обновливи извори.
Пред да ја донесе конечната одлука, Европскта комисија до 2 август ќе собира мислења за предложената реформа од државите членки.
Comments are closed for this post.