САД одобрија продажба на американскиот систем за ракетна одбрана „Патриот“ на Турција за 3,5 милијарди долари. Одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп сè уште може да биде блокирана во Конгресот.

Целта е да се понуди алтернатива на рускиот ракетен систем С-400, кој Анкара сака да купи и покрај американските предупредувања. Јасно ја предупредивме Турција дека потенцијалното купување на системот С-400 може да ја стави под прашање продажбата на американски борбени авиони Ф-35 на Анкара и би ја изложиило на санкции од САД – изјави портпаролот на Стејт департментот.

Тој додаде дека САД сакаат да работат со Турција на противвоздушната и противракетната одбрана и во последните години и понудиле да го земе предвид системот „Патриот“, која е компатибилен со стандардите на НАТО.