Германката Урсула фон Дер Лајен успеа – таа вечерва доби доволно мнозинство гласови за да биде избрана за претседател на Европската комисија. Со тоа е испишана и историја – таа ќе биде првата жена на таа функција.
На вечерашното тајно гласање во Европскиот парламент во Стразбур таа доби 383 гласови од вкупно 747 делегати. За да биде избрана и беа потребни 374.
Така, на 1 јануари министерката за одбрана на Германија од редовите на ЦДУ, ќе седне во фотелјата на Жан Клод Јункер.
Билд вечерва посочува дека Урсула се борела до крајот за секој глас и како оосбено важен го истакнува денешниот говор во парламентот каде таа се заложи за борба со климатските промени и за една социјална и обединета Европа.
Како и да е, сепак, ќе остане забележано дека Жан Клод Јункер беше избран со 422 гласа и тоа јасно кажува на колку тенко мнозинство сметаше фон Дер Лајен.
Решавачките гласови таа ги доби денес од социјалдемократите од кои две третини решија да ја поддржат.
Првата честитика пристигна од поренеѓниот шеф на ЕК, Жозе Мануел Баросо, кој истакна дека фо Дер Лајен ги има сите квалиети за да ја води Комисијата.
My most sincere congratulations and very best wishes to @vonderleyen after her election as President of the European Commission . I really think she has all the qualities of political competence and European commitment to lead our #Europa
— José Manuel Barroso (@JMDBarroso) July 16, 2019
Comments are closed for this post.