Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, станала баба. Тоа го соопшти самата, објавувајќи фотографија на Инстаграм со новороденчето.

Фотографијата е проследена со краток текст:

-Колку магичен момент. Моето прво внуче, напиша таа, не прецизирајќи ништо повеќе.

Фон дер Лајен е мајка на седум деца.