Со ветрови од 250 километри на час ураганот „Мајкл“ носи се пред себе. Во налетот на ветровите урнати се објекти во местото Панама сити бич.

Ураганот „Мајкл“ денеска прерасна во ураган од четврта категорија, пред да ја погоди Флорида, поради што 500.000 луѓе се советувани да се евакуираат.


Претседателот Доналд Трамп денеска прогласи вонредна состојба на целата територија на Флорида.