Ураганот Мајкл денеска прерасна во ураган од четврта категорија, пред да ја погоди Флорида, поради што 500.000 луѓе се советувани да се евакуираат.

Ураганот Мајкл со себе носи ветер со брзина од 220 километри на час, а може да предизвика и големи бранови со висина од четири метри, предупреди Нациоанлниот центар за урагани.

Гувернерот на Флорида, Рик Скот на Твитер напиша дека „Помина времето за евакуација долж брегот, ако одлучите да останете во зона на евакуација мора веднаш да побарате засолниште“.

Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во цела Флорида.

Градоначалникот на Апалачикол, Ван Џонсон изјави дека градот би можел да биде најмногу погоден и оти евакуацијата е обврзна.