Ураганот Дориан на Атлантикот стана ураган од петта категорија, со брзина на ветер од 257 километри на час, според американскиот Национален центар, кој ги следи ураганите.

Островот Абако наскоро се очекува да биде во епицентарот на катастрофалниот ураган со поројни дождови и ветер. Истата ситуација се очекува утре на Бахамите.

Претходно, Националниот центар објави дека ураганот Доријан се движел кон север и може да стигне до крајбрежните држави Џорџија и Јужна Каролина. Веќе е најавен итен случај во Флорида, каде се очекуваше првиот ураган.

Излезе дека ураганот може да ја погоди нашата голема Јужна Каролина потешко отколку што очекувавме. Ова, исто така, се однесува на Џорџија, а можеби и за Северна Каролина, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи и предвидува дека овој ураган веројатно ќе биде најмоќен во децении.

Доријан е четвртиот ураган оваа сезона.