Папата Франциск доцнел на обраќањето пред верниците на Плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Причина за доцнењето било тоа што папата останал 25 минути заглавен во еден од лифтовите во Ватикан, поради што морале да реагираат и пожарникарите.

Папата Франциск изјавил дека денеска 25 минути останал заглавен во лифт, по што интервенирале пожарникарите и го извадиле од лифтот.

Откако со задоцнување стигнал,  папата Франциск  им се извинил на насобраните граѓани.

Поглаварот на римокатоличката црква воедно од граѓаните побарал со аплауз да ги поздрават пожарникарите кои го извлекле од заглавениот лифт.