Земјите во развој следната година „во мамутска операција“ ќе добијат речиси две милијарди дози вакцини против Ковид-19, соопшти агенцијата на ОН за деца – УНИЦЕФ.

Организацијата соопшти дека соработува со 350 авиокомпании и логистички компании за доставување на потребните вакцини и инјекции во сиромашните земји како Бурунди, Авганистан и Јемен, како дел од Ковакс, глобален план за дистрибуција на вакцини против Ковид-19 на Светската здравствена организација (СЗО).