Унгарската камерманка која во 2015 година во текот на мигрантската криза клоцаше мигранти, вчера доби ослободителна пресуда од Врховниот суд на Унгарија.
Петра Ласло снимаше мигранти во пограничната зона со Србија кога тие го пробија полицискиот кордон. Ласло во еден момент клоца двајца од нив, едното е девојче, а еден маж со дете во рацете потоа паѓа.
Тие слики предизвикаа загрозеност во светот. По инцидентот Ласло добила отказ на работа, а таа изрази жалење. Во 2017 година Ласло беше осудена условно на тригодишна затворска казна.
Вчера, пак, Врховниот суд пресуди дека не станува збор за кривично дело, туку за прешок. Случајот е затворен.
Lage in #Roeszke #Hungary weiter schlimm – Polizei überfordert – Flüchtlinge durchbrechen Polizeikette – Verletzte! pic.twitter.com/GlMGqGwABb
— Stephan Richter (@RichterSteph) September 8, 2015
Comments are closed for this post.