Новинарот Џамал Кашоги бил задавен веднаш штом влегол во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, потврди денес турскиот обвинител, додавајќи дека по убиството неговото тело било „сечено на парчиња“.

Новинарот исчезна по влегувањето во дипломатската мисија на 2 октомври. Откако неколку дена негираше дека знае што било за Кашоги, Ријад призна дека Кашоги умрел како резултат на „борба“.

Но, главниот обвинител на Истанбул, Ирфан Фидан, денес рече дека Кашоги бил задавен веднаш штом влегол во дипломатското претставништво, што било претходно испланирано. Ова е прво официјално признавање на убиството од страна на турски претставник.