Група истражувачки новинари и поранешни оперативци на американската Централна известувачка агенција, (ЦИА) објавуваат податоци дека Агенцијата организирала атентати на низа странски политичари и јавни личности употребувајќи го методот „убиство со тумор“.

Оваа група истражувачи, меѓу кои е и новинарот, Патрик Баб, ги темелат своите тврдења врз извештај на соработник на Штабот за за планирање на тајни операции „Гладио“, кој вели дека при овој метод за убивање на ЦИА, одредена личност се заразува со вирус што предизвикува тумор, по што, по кратко време жртвата умира од рак.

Тие извори наведуваат дека на тој начин е елиминиран и поранешниот претседател на Венецуела, кој почина во 2013 година, по двегодишна борба со тешката болест.

Освен Чавез, како жртва на ваквиот метод за убивање се посочува и музичката ѕвезда од Јамајка, Боб Марли, на кого агент на ЦИА му подарил патика во која била скриена забодена инјекција со вирусот што предизвикува карцином. Како што тврдат истражувачите, истиот агент без каење опишал дека Марли крикнал од болка кога инјекцијата му се забила во петата додека ја пробувал патиката, без да биде свесен што му се случило.

Таквиот метод за убиство на Марли бил употребен затоа што сите знаеле оти тој нема да оди на лекар за повредата поради неговите верски убедувања. Причината за убиството на Марли е тоа што тој го предизвикал гневот на ЦИА затоа што не сакал да политички да се ангажира на Јамајка за да помогне за остварување на одредени интереси и наспроти тоа преку своите песни повикувал за сиромашните да се борат за своите права.

Според извештаите, како еден од главните промотори на методот за „убиства со тумор“ се наведува американскиот лекар, Корнелиус Ровадес од Институтот за медицински истражувања „Рокфелер“ од Њујорк, кој ја почнал својата „кариеа“ во Порторико, каде што бил пионер во областа „нови начини за убивање“.

Смртта на Кастро успешен атентат?

Бројните обиди за убиство што американските тајни служби ги извршиле против поранешниот кубански претседаел Фидел Кастро, се добро документирани, а писателот од Венецуела, Луис Брито Гарсија, своевремено објави дека имало преку 900 обиди за негово убиство. На крајот, Кастро почина од природна смрт, но поради заболување од редок вид на тумор на цревата.