Љубов Собол, која се појавува на Јутјуб каналот на Навални и неговата портпаролка Кира Јармиш биле уапсени во Москва.

Опозицискиот лидер е многу слаб и слабо лекуван во болницата за затвореници заболени од туберкулоза каде што се наоѓа, предупредија неговите адвокати во вторникот и побараа да биде префрлен во Москва.

Блиски соработници тврдат дека тој може да умре во секој момент и ги повикаа граѓаните ширум Русија да излезат на улица во среда.

Уапсени се повеќе луѓе, претресени станови

Владата предупредува дека планираните протести се незаконски. Претходно слични демонстрации со сила биле растерани од страна на полицијата и биле уапсени илјадници лица.

Полицијата воочи протестите уапсила најмалку десет опозициски активисти во неколку региони, објави невладината организација ОВД-Инфо.

Пребарувани се становите на приврзаниците на Навални во Санкт Петербург, Краснојарск и Екатеринбург, како и станот на новинар во Санкт Петербург.

„Како и обично, тие мислат дека ако ги изолираат лидерите, нема да има протест. Секако дека грешат“, рече Леонид Волков, близок соработник на Навални.