Во акција на полицијата приведен е член на групата што пред месец и половина извршија грабеж на скапоцености од 17. век што му припаѓаа на шведското кралско семејство, соопштија шведските власти.

Крадците на 31 јули украдоа сфера и две круни од 1611 година од катедрала во Странгнас, западно од Стокхолм, а по кражбата побегнаа со моторни чамци. при апсењето на крадецот не е пронајдено ништо од украдениот накит, соопштија од Јавното обвинителство.

Украдените средновековни предмети се од непроценлива вредност и ќе биде тешко да се препродадат, коментираат познавачите.

Круните се украсени со злато, бисери и скапоцени камења, а им припаѓале на кралот Карл Деветти и кралицата Кристина.