Најмалку три лица загинаа и околу се повредени во голем пожар, кој избувна утрово во една зграда во единаесеттиот арондисман во Париз, јавува дописникот на МИА.
Во гасењето на пожарот се мобилизирани речиси 200 пожарникари. Трагедијата се случила на улицата Немур недалеку од Плоштадот на Републиката. Пожарот избувнал околу 5 часот утрово, најверојатно во скалилата на зградата од шест спрата изградена во седумдесетите или осумдесеттите години, по што се проширил на ресторанот.
Повредените се затруени од чадот. Спасувачките екипи се уште се на терен.
Comments are closed for this post.