Хотелите и останатите објекти во сопственост на Доналд Трамп минатата година оствариле милионски приход, а претседателот пријавил дека во 2018 година заработил 434 милиони долари.
Канцеларијата за етичка контрола на американската влада соопштила дека луксузниот хотел на Трамп во Вашингтон минатата година заработил 41 милион долари, нешто повеќе од 2017 година, но заработката на летниковецот Мар а Лаго паднала за 2,5 милиони долари, на 22,7 милиони, пренесува Гласот на Америка.
Трамп одбива формално да го пренесе сопствеништвото на своите компании на друга личност откако е дојден на власт. Во 2017 година американскиот претседател од своите компании заработи 450 милиони долари.
Бидејќи е еден од најбогатите луѓе, Трамп се откажал од годишната претседателска плата, која изнесува 400.000 долари и прифатил да има годишна заработка од 1 долар, бидејќи според законот, тоа е најмалата сума која претседателот би требало да ја прима.
Трамп не е единствен претседател кој тоа го одлучил, исто постапиле и Хувер и Кенеди.
Comments are closed for this post.