Американскиот претседател, Доналд Трамп, в понеделник во Мајами, ќе одржи говор за поддршка на опозицискиот лидер на Венецуела, Хуан Гvаидо, со кој ќе предупреди за „опасностите од социјализмот#.

Белата куќа соопшти дека Трамп, на Меѓународниот универзитет на Флорида, ќе зборува против претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и неговите социјалистички политики.

Специјалниот американски претставник за Венецуела, Елиот Aбрамс изјави дека властите на САД организирале складирање на резерви на храна во објекти на границата на Колумбија со Венецуела и дека бараат начини да испратат помош во таа земја.