Со 258 гласови „за“ и 303 „против“ долниот дом на британскиот Парламент го одби предложениот нов владин документ за условите за Брегзит

Минатиот месец британскиот Парламент го отфрли предложениот договор на премиерката Тереза Меј со ЕУ во врска со Брегзит, а на 29 јануари ја одобри измената на техничкиот документ за Брегзит, со која се санкционира продолжувањето на преговорите со Унијата за клучното прашање, а тоа е проблемот со ирската граница.

Претходно, Меј истакна дека на 14 февруари ќе поднесе уште еден технички документ, за кој можат да бидат предложени измени,