Доналд Трамп е првиот претседател на САД кој влегол во Северна Кореја. Тој се ракуваше со лидерот Ким Џонг-Ун, се прошета со него на севернокорејската страна со границата со Јужна Кореја.
„Стапнувањето преку линијата е голема чест. Направивме голем процес и големи пријателства. Ова е големо пријателство“, истакна Трамп откако стапна на тлото на Северна Кореја.
„Мислам дека со средбата тука, меѓу две земји кои имаат непријателско минато, ние му покажуваме да светот дека имаме нова сегашност и дека одиме напред“, рече Ким.
Трамп отпатува во тој регион за средбата на Г20 која ќе се одржи во јапонскиот град Осака.
Comments are closed for this post.