Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американски разорувач соборил еден ирански дрон во Ормутскиот Теснец меѓу Оман и Иран, кој го спојува Персискиот со Оманскиот Залив.
Трамп изјави дека се работи за уште една непријателска акција на Иран и ги повика другите земји да ги осудат, како што ги нарече, иранските обиди да се наруши слободата на пловидба и глобална трговија на стратешките морски патишта во Персискиот залив.
I want to apprise everyone of an incident in the Strait of Hormuz today, involving #USSBoxer, a U.S. Navy amphibious assault ship. The BOXER took defensive action against an Iranian drone…. pic.twitter.com/Zql6nAUGxF
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) July 18, 2019
Тој прецизираше дека дронот е соборен во одбранбена акција на американскиот разорувач „Боксер“, откако иранското летало му се доближило на бродот на помалку од еден километар и не одговорило на неколку повици да се повлече.
Сепак,, Иран тврди дека такво нешто не се случило.
Немаме никаква информација за загуба на дрон, изјави иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф. Тој не кажа ништо друго во врска со наводниот инцидент.
Comments are closed for this post.