Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека имал намера својата ќерка Иванка (37) да ја постави на чело на Светска банка бидејќи била „многу добра со бројки“.

„Таа е родена за дипломатија“, објаснил Трамп во разговор за списанието „The Atlantic“, додавајќи дека би била извонредна, а како пример ги посочи Обединети нации.

Тој додаде и дека доколку би ја именувал, сите би врескале дека се работи за непотизам иако, како што вели Трамп, тоа нема никаква врска со непотизам.

Трамп објаснил дека Иванка би била одлична на тоа место бидејќи е многу добра со бројки. Сопругот на неговата ќерка, Џаред Кушнер е еден од неговите најблиски соработници.

На крајот американскиот претседател на чело на Светска банка го именуваше блискиот соработник Давид Малпаса.

За својата најстара ќерка од првиот брак изјавил дека е „мирна и дека во многу стресни ситуации мирно реагира“.

„Ако еден ден се одлучи да се кандидира на претседателски избори, тешко дека ќе ја победат“, заклучува 45 американски претседател.