Американскиот претседател Доналд Трамп предложи лична средба со кинескиот претседател Си Џинпинг за да се разгледа се подлабоката политичка криза во Хонг Конг.

Предлогот е упатен по неколку недели продемократски протести во поранешната британска колонија.

Трамп е уверен дека Си може да се справи со протестите „брзо и хумано“. За него „Си е голем лидер кој го почитува својот народ“ На Твитер Трамп објави дека Кина сака да се постигне договор, „но прво нека се однесува човечки со Хонг Конг“.