Два дена откако беше ставен крај на досега најдолгата блокада на владата во историјата на САД, Белата куќа соопшти дека претседателот, Доналд Трамп е подготвен повторно да воведе блокада на владата.
Новата одлука на Трамп ќе биде воведена доколку, како што соопшти Белата куќа не се постигне договор со Конгресот за финансирање на ѕидот на границата со Мексико.
Шефот на администрацијата на Белата куќа, доцна синоќа соопшти дека Трамп не сака повторно да ја воведе блокадата на владата или пак, да прогласи вонредна состојба, но додаде дека обврска на претседателот е да го брани својот народ и дека тоа ќе го направи со или без Конгерсот.
Comments are closed for this post.