Во време кога во САД се очекува пристигнувањето на големиот карван од бегалци што се движи низ Мексико и кој од почетните 4.000 луѓе што тргнаа од Гватемала, Хондурас и Ел Салвадор, нарасна на речиси 14.000 луѓе откако им се придружија и голем број Мексиканци, реагираше амњериканскиот претседател Доналд Трамп. Притоа, Трамп, ги искористи ставовите на неговиот претходник и политички противник, Барак Обама.

На својот твитер профил, Трамп напиша дека 100 отсто се согласува со Обама, притоја објавувајќи снимка од говор на Обама од 2005 година, кога тој беше гувернер на сојузната држава Илиноис. Во тој говор, Обама ја критикува илегалната миграција во земјата.

Не можеме едноставно да им дозволиме на луѓето да влегуваат во САД, незабележани, без документи, непроверени и заобиколувајќи ги луѓето коишто трпеливо чекаат законски да станат мигранти во оваа земја – вели Обама во говорот.


Истовремено, на твитер Трамп им порача на сите коишто ја бранат миграцијата да погледнат што се случувало во Европа во последните пет години.

Европејците би сакале да имаа можност да донесат различна одлука – напиша Трамп.