Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека неговата администрација почнала процес за укинување на можноста за стекнување државјанство со раѓање.
Во интервју за порталот Аксиос, Трамп изјави дека соработува со правни советници за да стави крај на практиката која постои од 1968 година и пропишува дека државјанство автоматски му се доделува на секое лице родено во САД.
Ние сме единствената земја во светот каде што едно лице може да дојде, да роди дете и да стане американски државјанин во следните 85 години со сите привилегии кои одат со тоа. Тоа е смешно и мораме да го укинеме… Процесот е во тек и следи потпишување извршна наредба – изјави Трамп.
Comments are closed for this post.