Американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на Самитот на Г-7 изјави дека воопшто не сака промена на режимот во Иран.
Тој додаде дека не бил изненаден што Франција го покани шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф на маргините на Самитот на седумте најразвиени земји, додавајќи оти не сакал лично да се сретне со него, затоа што било прерано за таква средба.
Односите помеѓу Вашингтон и Техеран се тензични откако Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор со Иран, со кој се ограничуваше производството на осиромашен ураниум.
Ситуацијата дополнително ескалира по соборувањето на американски дрон и заплените и нападите врз танкерите во Ормутски Теснец.
Comments are closed for this post.