Модна креаторка од Флорида ќе биде новиот амбасадор  на САД во  Јужна Африка. Нејзиното назначување од страна на претседателот на САД Доналд Трамп, синоќа го објави и Белата Куќа.

Станува збор за креаторката Лана Маркс. Таа е родена и пораснала во Јужна Африка, а до  сега беше  извршен директор на модна компанија која  облекува  познати личности.

САД  немаа назначено  амбасадор  во Јужна Африка од изборот на Трамп  за претседател. Тој  факт доведе  до критики дека Трамповата влада не е доволно посветена на односите со Јужна Африка.

Инаку, кандидатите  за амбасадори од приватниот сектор не е невообичаена за американска политика