Под огромно обезбедување и медиумска заинтересираност во Њујорк започна судењето на кралот на кокаинот, Ел Чапо.

Обвинителството тврди дека имаат несоборливи докази за убиства и насилства кои ги направил еден од најголемите дилери на дрога за кои може да биде осуден на доживотен затвор.

Како пример се наведува дека количетвото на шверцуваната дрога било толку голема што секој жител на Америка би можел да повлече по една црта.

Уште се наведува дека Ел Чапо има своја приватна војска а дека неретко и тој убивал лично со својот дијамантски пиштол „АК-47“.