Џо Бајден е новиот претседател на САД, но Доналд Трамп сè уште не се откажува од борбата за задржување на претседателската функција. Тој не дава никаков знак дека планира да го принае поразот од Бајден. Доналд нема закажани состаноци, а во јавноста не се појавил од четвртокот минатата недела.

Но, како што пишуваат американските медиуми, Трамп сега планира да одржи неколку митинзи преку кои ќе се обиде да добие поддршка за продолжување на својата борба, изјавил портпаролот на неговата кампања, Тим Муртау.

Трамп ќе се обиде да ги поткрепи своите тврдења за изборни измами со објавување некролози за мртви луѓе кои гласале на изборите – истакнал Муртау.

Доналд планира да побара повторно броење гласови во неколку сојузни држави, но експертите сметаат дека овие напори веројатно нема да вродат со плод.