Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го задржи потпретседателот Мајк Пенс за свој кандидат, кога во ноември следната година ќе ја бара поддршката за реизбор на функцијата.

Многу сум задоволен од Пенс – изјави Трамп.

Актуелниот американски претседател се смета за апсолутен фаворит кој би требало без проблем да ја освои номинацијата на Републиканската партија за втор претседателски мандат.