Американскиот претседател, Доналд Трамп, го поканил неговиот новоизбран украински колега, Володомир Зеленски, во официјална посета на Вашингтон, објавија на претседателскиот сајт на Зеленски. Белата куќа се уште ја нема официјално потврдено оваа информација.
Украинскиот претседател неодамна изјави дека нацрт-законот за зголемување на американската помош за Украина, што претходно беше претставен во Претставничкиот дом на Конгресот на САД, е важен сигнал за силното стратегиско партнерство помеѓу двете земји.
Благодариме на САД за истрајноста во поддршката за територијалната целовитост на Украина – изјави Зеленски.
Нацрт-законот предвидува и воена помош за засилување на одбранбените капацитати на Украина, како трансфер на оружје, продажба на одбранени вооружени системи на Армијата на Украина и зацврстување на украинските капацитети за одбрана од руските кибер напади.
Специјалниот претставник на Стејт департментот за Украина, Курт Вокер, кон крајот на мај одговори на повеќе прашања на новинари за политиката на Вашингтон во однос на Украина по успешно спроведените претседателски избори и за ситуацијата со регулирање на конфликтот во источниот дел на земјата.
Меѓу другото, Вокер изјави дека „Украина не може да стори повеќе од тоа што досега го стори“ во регионот Донбас и за конфликтот ја обвини „руската окупација“.
Comments are closed for this post.