Тврдењата дека Доналд Трамп повремено ја полнел тоалетната шолја во Белата куќа со купишта хартија ги потврдуваат фотографиите што протекоа во јавноста пред објавувањето на новиот извештај за 45-тиот американски претседател.
Објавени се фотографии од искинати хартии, кои се направени на дното на неколку тоалети, и на кои наводно се гледа ракописот на Трамп.
Репортерката на Њујорк Тајмс и соработник на Си-Ен-Ен, Меги Хаберман објави нови фотографии во нејзината нова книга „Човек од доверба“.
„Повремено фрлаше хартии низ тоалетот во резиденцијата на Белата куќа – за подоцна да биде откриен кога мајстори беа повикани да го поправат затнатиот тоалет“.-пишува „Њујорк Тајмс“.
Comments are closed for this post.