Претседателот на САД, Доналд Трамп се потпиша на новоизградениот дел од ѕидот на границата со Мексико, нарекувајќи го „безбедносен систем од светска класа“ кој ќе биде практично непробоен.
Трамп го посети градилиштето на граничниот ѕид во областа Сан Диего, пренесува Асошиејтед Прес.
Пред да почне изградбата на ѕидот границата во Сан Диего била заштитена со слој на лим кој лесно бил продупчуван и втор, појак слој кој можело да се пробие со посилна електрична пила.
Ѕидот беше од лим и луѓето едноставно го рушеа, рече Трамп, говорејќи за почетниот слој кој е заменет.
Comments are closed for this post.