Претседателот на САД, Доналд Трамп, дал рок од четири месеци за повлекување на американските војници од сирија, пишува „Њујорк тајмс“.

Според изданието, за време на посетата на Ирак, Трамп се сретнал со командантите на акцијата „Непоколеблива одлучност“, која има за цел уништување на терористичката организација „Исламска држава“.

Трамп пред командантите изјавил дека сака американските сили да се повлечат од Сирија во наредните четири месеци. Првично се сметаше дека рокот за повлекување е 60 до 100 дена. Трамп ги пофалил активностите на САД во регионот.