„Ако не бидам реизбран за претседател, американската економија ја чека крах“, објави Трамп на Твитер.
„Економијата на Трамп постигнува рекорди и во иднина не чекаат уште многу… Но, ако некој друг, наместо мене, победи на изборите во 2020 година, тогаш ќе настане крах на берзите, каков што не сте виделе претходно, напиша Трамп.
Тој планира да биде кандидат за претседател на САД на Републиканската партија и да се бори за втор претседателски мандат на изборите следната година. Негови најсериозни противкандидати се поранешниот американски потпретседател Џо Бајден и сенаторот Берни Сандерс.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека и Бајден и Сандерс се попопуларни меѓу Американците од Трамп.
Според последната анкета на „Политико“ и „Морнинг Кансалт“, во случај на дуел Трамп-Бајден, за поранешниот потпретседател би гласале 44 отсто од испитаниците, а за актуелниот претседател 33 проценти.
Во случај на претседателска трка меѓу Трамп и Сандерс, за сенаторот од Вермонт би гласале 42 отсто од анкетираните, а за актуелниот станар на Белата куќа – 32 проценти.
И во двата случаи, околу една четвртина од испитаниците изјавиле дека не знаат за кого би гласале.
Comments are closed for this post.