Во рускиот град Самара биле изложени трофеји кои биле одземени од неколку терористички групи во Сирија.

Од презентираното се гледа дека џихадистите биле навистина подготвени за долго војување, па тако во нивниот арсенал се наоѓале дронови, тенкови, оружје за секакви услови , но она што остава најголем впечаток се оклопните возила наменети за самоубиствени напади.ж

Тоа се возила во кои терористот-самоубиец се врзува со големи количество експлозив и со голема брзина се упатува пред реонот каде што се наоѓа војска и во тој момент настанува разорна детонација која предизвикува големи жртви.