Најмалку шест лица се повредени, од кои тројца се во тешка здравствена состојба, откако 30-годишен Ирачанец намерно удрил во неколку возила во Берлин.Германската полиција соопшти дека станува збор за терористички напад.

Ирачанецот предизвикал неколку судири на неколку делници во Берлин, по што имало привремено прекинување на патниот сообраќај.

Инцидентот се случил синоќа, кога 30-годишен Ирачанец со својот автомобил се залетал во неколку возила, пишува „Билд“. Притоа тој соборил двајца мотоциклисти и обајцата се во тешка здравствена состојба. Потоа го запрел автомобилот, излегол и извикал „Алах Акбар“.

Потоа врз покривот на автомобилот ставил метална кутија и повикал „никој да не му се приближува или сите ќе умрат“.