Кога се слушнале првите истрели сириската свадба во Хале, Германија, била готова.
Како што објави „Билд“, големи полициски сили дошле на местото каде сватовите на една свадба на Сиријци се расположиле и според традицијата кога свадбата достигнала врв, тоа се прославило со пукање од пиштол од воздух. Соседите јавиле за инцидентот, а веднаш потоа силни полициски сили дошле на местото и ја прекинале свадбата. Неколкумина се уапсени на самото место. Полицијата го пронашла пиштолот од кој е пукано, како и муниција, а неколкумина што пукале се приведени.
Како што изјави полициската портпаролка, лицата ќе одговараат за поседување оружје, односно злоупотреба на огнено оружје, и нарушување на јавниот ред и мир.
Во инцидентот немало повредени.
Comments are closed for this post.