Западните разузнавачи тврдат дека поседуваат извештај за нестабилното однесување на рускиот претседател Владимир Путин во комбинација со мрзливиот изглед и апсурдното дистанцирање на кое тој инсистира во последно време.
Тие тврдат дека Путин страда од ментално растројство предизвикано од деменција, Паркинсонова болест и напади на бес предизвикани од стероидно лекување на рак.
Одлуката на Путин физички да се дистанцира од посетителите, според разузнувачите е знак на страв од „коморбидитети“ или други болести кои би можеле да го зголемат ризикот од смрт или употреба на лекови кои го потиснуваат имунолошкиот систем, што го прави повеќе склон кон инфекции.
Тим на невролози од Португалија, Италија и Холандија дури го истражувал одењето и чудното држење на Путин на десната рака. Се посомневале дека левата рака нормално се лула додека одел, додека десната му стои вкочането покрај телото.
Comments are closed for this post.