Светската здравствена организација соопшти дека смртноста од ковид-19 е рекордна на глобално ниво, втора недела по ред. Во текот на изминатата недела, според СЗО, повеќе од 93 000 лица починале од ковид-19, а потврдени се 5,7 милиони нови инфекции.
Според неделните извештаи на СЗО, 45 отсто од новозаразените се од Индија, додека 25 проценти од смртните случаи се од оваа земја.
СЗО објави и дека британскиот сој на коронавирусот се прошири во 142 земји низ светот, јужноафриканскиот сој е потврден во 97 земји, додека бразилска варијанта е присутна во 56 земји.
Comments are closed for this post.