ЕУ сертификатот ќе им овозможи на туристите да патуваат без карантин ако закрепнале од Ковид-19, биле вакцинирани или имаат негативен ПЦР тест.

Италијанскиот премиер Марио Драги изјавил дека Италијанците овој месец ќе добијат национален зелен пасош кој ќе им овозможи да патуваат меѓу регионите.

Драги се обратил на отворањето на состанокот на Групата 20 за туризмот, велејќи дека “Италија е сосема подготвена да ги дочека туристите од целиот свет”.

Не понудил детали за националниот зелен пасош, но вели дека ќе биде подготвен еден месец пред плановите на ЕУ да издаде сертификат кој на граѓаните ќе им го олесни патувањето на меѓу земјите во текот летото.

ЕУ сертификатот ќе им овозможи на туристите да патуваат без карантин ако закрепнале од Ковид-19, биле вакцинирани или имаат негативен ПЦР тест.

Италијанците моментално можат слободно да патуваат меѓу регионите со најниско ниво на рестрикции, што моментално покрива поголем дел од земјата, исклучувајќи го малиот град Аоста на француската граница, јужниот регион Апулија, Басиликата, Калабрија, Сицилија и Сардинија.