Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге изјави денеска дека ширењето на вирусот Ковид-19 во Европа е многу загрижувачко и ги повика владите многу добро да размислат пред да започнат со ублажување на преземените мерки за да се спречи ширењето на вирусот.

Драматичното зголемување на случаите останува многу загрижувачка слика во Европа. Многумина од нас едвај чекаат да го слават Велигден, но ова не е време да го спуштиме гардот. Мораме да се бориме – рече Клуге.

Во однос на коментарот на американскиот претседател Доналд Трамп дека СЗО е насочена кон Кина и дека ќе размисли да го укине нејзиното финансирање, Клуге рече дека во период на пандемија „не е време да се укине финансирањето“.