На Земјата во 2018 година исчезнале повеќе од 12 милиони хектари тропска шума, што е територија од безмалку пет површини колку Македонија, соопшти институтот за природни ресурси во светот.
Како што наведува овој институт од Вашингтон, од вкупната површина исчезнати тропски шуми, 3,64 милиони се примарни тропски шуми кои се од огромно значење за климата и биодиверзитетот.
Според платформата „Глобал Форест Воч“, 2018 година е рангирана како четврта најлоша година во загубата на тропските шуми. Претходните три најлошо рангирани години биле во 2014, 2016 и 2017 година.
Виновни за тоа се нелегалната сеча и шумските пожари, се вели во студијата на проектот „Глобал Форест Воч“.
Земјите кои се најмногу погодени од овој проблем се Бразил, Индонезија, Демократската Република Конго, Колумбија и Боливија.
Comments are closed for this post.