Најмалку 320 луѓе се повредени откако воз што сообраќал на релација Јоханисбург – Преторија удрил во задниот дел од воз што стоел на станица, соопшти јужноафрикаснки официјални лица.

Триесет и двајца од повредените се во тешка состојба.

Во јануари во слична несреќа во предградие на Јоханесбург беа повредени 220 луѓе. Владината агенција за регулирање на железничкиот сообраќај, во извештај за 2016/2017 година, наведува дека 495 луѓе загинале во железнички несреќи, а 2.079 биле повредени. Таа бројка на загинати е за пет отсто повисок во однос на претходната година.